Open Call Skopje. CreArt Exhibition 2020
Град Скопје ги повикува заинтересираните уметници од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми од Скопје да поднесат пријава со свое портфолио на англиски јазик за учество во постапката за селекција на најмногу 10 уметника од градот Скопје за учество на Европската изложба во 2020 година која се оддржува во рамки на европскиот проект „CREART“.
1. За Европската изложба
Еден од водечките активности на CreArt 2.0 е годишната патувачка Европска изложба во која учествуваат уметници од сите 12 градови партнери, а селектор на изложбата е куратор од градовите-партнери предходно избран по пат на јавен повик. Секоја година големата зедничка Европска изложба се одржува во три града партнери. Каталозите и промотивните матреијали ќе бидат дистрибуирани во сите партнерски градови. Третото издание на Европската изложба, насловена „Што ќе се случи ако? Изборот за изградба на алтернативна иднина“ ќе биде организирано во 2020 година во 3 града учесници во проектот CREARТ, а нивниот распоред и рута се следните:
- Авеиро (Португалија) од Мај до 28 јуни 2020 година;
- Џенова (Италија) во изложбениот салон на ,,Il Munizioniere inside Palazzo Ducale” од 13 јули до 22 август 2020 година;
- Скопје (Република Северна Македонија) во ЈУ Музеј на Град Скопје, од 25 септември до 30 октомври 2020 година.
2. Куратор и концепт на изложбата
Куратор и селектор на изложбата во 2020 година е Пиетро Дела Гиустина, роден во Парма, Италија, живее и работи во Клермон-Феран и Париз. Повеќе информации за кураторот и предложента тема на следниов линк: https://creart2-eu.org/creart-news/thecurator-pietro-della-giustina-has-been-selected-by-the-partners-of-the-network-to-curate-thecreart-european-exhibition-2020
Селекција на делата
- Доколку бидат пријавени повеќе од 10 автори, ќе биде извршена предселекција на доставените пријави од страна на локална комисија, - Конечната селекција на уметници кои ќе учествуваат на изложбата ќе биде извршено од страна на кураторот Пиетро Дела Гиустина, кој од предложените уметници треба да одбере најмалку еден уметник од секој град и да ја состави конечната листа на учесници на изложбата и заедно со уметниците ќе се договара околу конечната селекцијата на дела кои ќе бидат изложени. - Уметниците ќе бидат информирани за резултатите од јавниот повик.
5. Услови за учество и покривање на трошоци
- Право на учество имаат уметници или уметнички групи од областа на визуелните уметности и уметноста на новите медиуми кои живеат, работат или студираат во Скопје.
- Да не учествувале во претходните изданија на Европската изложба (2018, 2019).
- Максмален број на дела со кој уметникот/уметничката група може да се пријави е пет (5), - Пријавените уметници/уметнички групи треба да ја следат темата „ Што ќе се случи ако? Изборот за изградба на алтернативна иднина“ зададена од кураторот Пиетро Дела Гиустина, дадена во прилог на повикот, - Краток концепт (5-10 реченици) од делата што ќе бидат претставени на Изложбата 2020 година или предлог за тоа што може да се развие околу презентираната тема согласно главната тема на кураторот.
- На избраните уметници ќе им биде исплатен авторски хонорар од 500 евра бруто во денарска противредност од страна на Градот Скопје врз база на авторски договор,
- Избраните уметници ќе имаат можност да присуствуваат на една од трите локации на кои се оддржува изложбата во 2020 година (со исклучок на оние уметници кои ќе мораат сами да ги поставуваат своите дела), што вклучува покривање на трошоци за пат, храна и сместување од страна на организаторот,
- Грижата околу превземање, превоз, осигурување и пакување на избраните дела како и подготовка на каталогот ги превзема организаторот на изложбата,
- Дополнителните трошоци поврзани со престојот во странство ги сноси уметникот.
6. Начин на пријавување:
Право на учество имаат сите уметници кои живеат и работат во Скопје. Заинтересираните уметници треба да ја пополнат пријавата на македонски јазик, како и да испратат своја биографија, портфолио и фотографии на најмногу 5 референтни дела и краток концепт кои одговараат на темата на повикот, како и други релевантни документи на англиски јазик кои ќе бидат препратени на кураторот. Напомена: Официјален јазик на комуникација со кураторот и организаторите на изложбата (Авеиро, Џенова и Скопје) како и одговорните лица од градовите е англискиот јазик. Со поднесувањето на потпишаната пријава авторите се согласуваат со условите на конкурсот. Пријавата треба да се испрати најдоцна до 10 декември 2019 година (вторник) на следната е-маил адреса: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk Лице за контакт Адријана Божиноска, Kоординатор на проектот од Град Скопје тел. 02/3297-221, е-маил: adrijana.bozhinoska@skopje.gov.mk
Attachments
Return to CreArt News