News & Press // CreArt News

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА УМЕТНИЦИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕВРОПСКАТА ИЗЛОЖБА ВО 2018

Blog Single

Град Скопје се вклучи како партнер во  европскиот проект  на мрежата Креарт (CreArt - http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.

Како дел од активностите на мрежата Креарт еднаш годишно ќе се организира „Заедничка Европска изложба“ која ќе патува во 3 различни градови, а на која ќе учествуваат уметници од сите партнерски градови, избрани од еден заеднички европски куратор. Градови коишто учествуваат во проектот се: Валадолид (Шпанија) како лидер на проектот, Каунас (Литванија), Авеиро, (Потугалија), Загреб (Хрватска), Леече (Италија), Ливерпул (Велика Британија), Катовице и Лублин (Полска), Клермонд Феранд и Руен(Франција) и Скопје (Македонија). 

 Еден од водечките активности на CreArt 2.0 е годишната патувачка „Европска изложба“ во која учествуваат уметници од сите 12 градови партнери, а селектор на изложбата е куратор од градовите-партнери претходнио избран по пат на јавен повик. Секоја година големата зедничка Европска изложба се одржува во три градови партнери. Каталозите и промотивните материјали ќе бидат дистрибуирани во сите партнерски градови.

Првото издание на Европската изложба, насловена „Six Memos“ ќе биде организирано во 2018 година во 3 градови учесници во проектот CREARТ, а  на нивниот  распоред и рута се  следните:

 

- Ваљадолид, Шпанија, во мај-јуни 2018 година

- Ливерпул, Велика Британија, во јули-август 2018 година

- Лублин, Полска, во септември-октомври 2018 година.

Куратор и концепт на изложбата

Куратор и селектор на изложбата во 2108 година е Бранка Бенчиќ од Загреб, Хрватска, а нејзиниот куратоски концепт се базира на темата „SIX MEMOS“ (Шест мемории) и се темели на збирката есеи на италијанскиот книжевник Итало Калвино „Six Memos for the next Millenium“.

Селекција на делата

 - Доколку бидат пријавени над 10 автори, ќе биде извршена првата селекција на доставените пријави од локална комисија.

- Конечната селекција на уметници коишто ќе учествиваат на изложбата ќе биде  извршена од кураторката Бранка Бенчиќ, којашто од предложените уметници треба да одбере најмалку еден уметнк од секој град и да ја состави конечната листа на учесници на изложбата и заедно со уметниците ќе се договара околу конечната селекција на дела што ќе бидат изложени. 

- Уметниците ќе бидат информирани за  резултатите од  јавниот повик.

Услови за учество и покривање на трошоците

 -  Право на учество имаат уметници или уметнички групи  од областа на визуелните уметности и уметоста на новите медиуми коишто  живеат, работат или студираат во Скопје.

- Максмален број на дела со кој уметникот/уметничката група може да се пријави е пет (5).

- Пријавените уметници/уметнички групи треба да ја следат темата „Six memos“  зададена од кураторот Бранка Бенчиќ, дадена во прилог на повикот.

- На избраните уметници ќе им биде исплатен авторски хонорар од 500 евра  во денарска противредност од Градот Скопје врз база на авторски договор.

- Избраните уметници ќе имаат можност да присуствуваат на една  локација од трите на кои се оддржува изложбата во 2018 година (со исклучок на  оние уметници кои ќе мораат сами да ги поставуваат своите дела), што вклучува покривање на трошоците за пат, храна и за сместување од  организаторот.

- Град Скопје на уметникот ќе му ги покрие трошоците за патничко осигурување, доколку уметникот не поседува Европска карта за здравствено осигурување.

- Грижата околу преземање, превоз, осигурување и пакување на избраните дела како и подготовка на каталогот ги презема организаторот на изложбата.

- Дополнителните трошоци поврзани со престојот во странство ги сноси уметникот.

Начин на пријавување

Право на учество имаат сите уметници коишто живеат и работат во Скопје.

Заинтересираните уметници треба да ја пополнат пријавата на македонски јазик, како и да испратат своја биографија, портфолио и фотографии на  најмногу 5 референтни дела кои одговараат на темата на повикот, писмо на намери и  други релевантни документи на англиски јазик коишто ќе бидат препратени на кураторот.

Сите заинтересирани пријавата можат да ја преземат на следната интернет врска

Напомена: Официјален јазик на комуникација со кураторот и организаторите на изложбата (одговорните лица од градовите Ваљадолид, Ливерпул и Лублин) е англискиот јазик.

Со поднесувањето на потпишаната пријава авторите се согласуваат со условите на конкурсот.

Пријавата треба да се испрати најдоцна до 27 ноември 2017 година (петок)  на следната е-маил адреса nadap@skopje.gov.mk.

Лице за контакт Нада Пешева, Kоординатор на проектот од Град Скопје тел.3297-323,  е-маил nadap@skopje.gov.mk.

Share this article:

Return to CreArt News